

Присуството на крупни животни на фреквентни градски улици може да биде ризично за предизвикување на сообраќајни незгоди.
„Неколку дена се движат овие животни во овој дел од градот. Не знаеме чии се, од каде се и каде одат. Предупредуваме дека нивното неконтролирано движење претставува опасност пред сè за сообраќајот бидејќи малку треба да дојде до судир со нив или ако некое возило сака да ги избегне може да удри во друго возило па и во пешаци. Кравите и коњите навлегуваат во дворовите и прават штета. Во потрага по храна растураат и оставен отпад покрај контејнерите“, изјавија за Телма жителите.

