Вести Култура Македонија

Над 50.000 книги уништени во поплавата во магацинот на “Антолог“

Никогаш не сум помислувал дека ќе газам врз книги во кои е вложено толку многу љубов, посветеност, ноќи непроспиени во кои тие ја имаа сета мудрост во таа „битка со ветерници“, вели Душко Крстевски професор по македонски јазик и книжевности истакнат преведувач  кој дојде да им помогне на своите пријатели и колеги во книгоиздателството Антолог. Во поплавата во магацинот на оваа издавачка куќа во Кисела Вода се уништени над 50.000 книги на домашни и странски автори.

„Ова е една голема загуба. На некои од овие книги сме им биле и кумови, сме ги промовирале по фестивали, сум правел поткасти и никогаш не сум помислил дека еден ден ќе морам буквално да ги собирам како трупови“, вели Душко Крстевски, професор по македонски јазик и книжевност и преведувач.

Книжевни светови ничкосани за само половина час, класици, современи автори, литература за деца кои треба да отворат нови хоризонти на различни генерации сега низ тишина се складираат на камионите за отпад.

„Целиот магацин е поплавен околу едно метро од земја. Оштетено е се во тој еден метар, а и над него, бидејќи водата особено кога станува збор за хартија ја допира и полека се шири. И вие не можете толку артикли во еден момент да ги спасите“, рече Жарко Кујунџиски, книгоиздателство „Антолог“.

27 години вложен труд кој во континуитет пркосеше на минливоста, сивилото, и конзумеризмот на кој сведочиме. Се уште сум во шок и покрај тоа што надлежните институции помогнаа, семејството и луѓето од фелата веднаш дојдоа да помогнат, вели Кујунџиски. Финансиската штета е огромна и таа тек ќе се проценува, но емотивната нема цена.

„Ова е непроценливо лично за сите нас, за аворите. Тука има мои книги, книги за деца сликовници, книги за возрасни што сум ги објавил. Ги фаќам ги ставам тука треба да се изнесат надвор. Тоа е многу тешко за еден автор. Имаме преку 100 македонски автори со кои соработуваме, странски автори , Толстој, Достоевски, какви било други книги. Навистина 27 години, јас навистина не сум знаел дека ова може да се случи, па да ги ставам доле . Кога да ставам доле себеси, друг да ставам доле, македонец, странец, класик, некласик“, изјави Жарко Кујунџиски, книгоиздателство „Антолог“.

Голем број писатели, проследувачи на книжевноста и издавачки куќи потсетија дека во вакви моменти е важна солидарноста на надлежните институции, книгоиздателствата, печатниците,  но и читателите кои ќе помогнат во надминување на оваа состојба, секој на свој начин.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо вицепремиер за добро владеење, секретар од премиерскиот кабинет за антикорупциски битки- главниот кандидат Димовски беше ослободен од две обвиненија за злоупотреби

Дејан Дејан

Спротивставени ставови на јавната расправа за новата еколошка дозвола на „ТИТАН Усје“

Tea Dimkovska

МВР поднесе кривична пријава против осуммина вработени во Државниот инспекторат за труд за трагедијата во „Пулс“

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе