За љубителите на нивната музика, дуото „Дац&Александар“ ја промовираа својата грамофонска плоча со наслов „Уште ми фалиш“ со избор од 10 нивни најголеми хитови. Старите ретро изданија, музичката носталгија и грамофонските плочи, но ветувањето кое го дадоа пред својата публика, како што велат и самите, денес е реалност.
Поддржувач на винилното издание „Уште ми фалиш“ е компанијата „Макпетрол“, која ја препозна важноста на ова музичко издание како вреден документ во кариерата на популарното дуо.
„Во мое време сите беа црни плочи, сега кога разбравме дека може ваква да биде ја направивме ваква да биде како што велиме ние црвена како бојата на љубовта, од срце. Овие песни се создадени од срце“, изјави Драган Спасов – Дац.
„Машината за чукање или куцање ( како ја викаме популарно) е нашиот заштитен знак којшто се појавува во повеќе спотови и тоа е една чаша вино којашто се прелева на самиот винил и винилот станува црвен“, додава Дац.
„Плочата е направена и помогната од „Макпетрол“ којшто несебично прво нѐ препозна заради самата плоча, многу им се допадна идејата и концептот на целата работа и на концертот, тие беа спонзори на „Дамите бираат“ којшто го направивме во Македонскиот народен театар, така што влегоа несебично и во оваа плоча“, заклучи Дац.
„Го ветивме на концертот „Дамите бираат“ во МНТ и еве дојде денот да го оствариме. Посебно сме горди што успеавме таа романтика што ја носиме во нашите песни да ја „заробиме“ во едно парче винил да остане за сите времиња“, истакна Александар Митевски.
„Многу ми е драго што Дац и Александар влегоа во светскиот мејнстрим којшто се случува во овој момент. Винилите насекаде во свет се број еден во продажба. Ете и ние и Македонија, односно Дац и Александар со својата креативност и професионализам влегоа во тој мејнстрим“, рече Душан Ристовски, претставник на „СОНИ ДАДЦ“ за Македонија.
