Полицијата лишила од слобода денеска возач кој двојно ја надминал дозволената брзина на управување со возило.
Полициските службеници измериле дека на место каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч, на патот Гостивар-Тетово поточно на клучка Боговиње, возачот кој управувал патничко возило “шкода” со тетовски регистарски ознаки, возел со брзина од 177 км/ч.
„По насоки на јавен обвинител К.Б. од Тетово е лишен од слобода кој управувал патничко возило “шкода” со тетовски регистарски ознаки. Против возачот К.Б. (47) од Тетово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по чл.297-а од Кривичниот законик на РСМ“ – соопшти МВР.
Од Министерството најавуваат дека и во наредниот период на територијата на цела држава ќе продолжат сообраќајните контроли, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.
