Координаторите на пратеничките групи и денеска со нов обид да постигнат консензус за Изборниот законик.
На средбата во Собранието се разговара за забелешките на пратеничките групи од опозицијата и најавените илјадници амандмани.
Премиерот им порача дека ако не се договорат, ќе остане стариот Изборен законик.
Тој, вели, е подготвен да ги прифати сите нивни барања, вклучително и рамноправно медиумско претставување, како што бараат од Левица и една изборна единица, но со изборен праг.
Сепак, инсистира да се воведе електронско гласање на дијаспората, против кое се од СДСМ.
