Политичката партија Левица изрази сериозна загриженост поради недостигот на терапија која е неопходна за пациентите со трансплантиран бубрег и пациентите на дијализа.
Според партијата, дел од пациентите веќе подолг период немаат пристап до неопходните лекови, а не е обезбедена ниту соодветна замена.
Од Левица предупредуваат дека поради недостигот, дел од пациентите се принудени сами да набавуваат лекови од странство, додека други остануваат без неопходниот третман, што, според нив, претставува сериозен ризик за здравјето и животот.
Партијата оценува дека ваквата состојба е резултат на несоодветно управување со здравствениот систем.
Бара министерот за здравство, директорот на Фондот за здравствено осигурување и директорот на Малмед итно да ја информираат јавноста за причините за недостигот, да презентираат план за нормализирање на снабдувањето и преку интервентен увоз што е можно побрзо да обезбедат достапност на терапија за сите пациенти на кои им е неопходна.
