Вести Македонија

„Мицкоски сака да се врати на факултет? Прво ќе мора да одговара за она што го направи со Македонија“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение остро реагираше на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека по завршувањето на мандатот нема да се кандидира за претседател на државата и дека планира да се врати на факултет.

Од опозициската партија велат дека Мицкоски не може едноставно да ја напушти политиката без да понесе одговорност за, како што тврдат, состојбите во кои ја довел државата.

„Откако ќе ја ограби Македонија, ќе ја изолира од европскиот пат, ќе го постави своето судство и обвинителство и ќе ја доведе државата до економски и институционален колапс, сака мирно да си замине и да се врати во академска кариера? Нема да биде така“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ оценуваат дека Македонија е во најтешка изолација во последните децении, дека е блокирана европската перспектива и дека институциите се, како што велат, ставени во функција на организирана криминална група.

Партијата порачува дека ќе дојде време кога, според нив, ќе има независно обвинителство и ќе се бара одговорност од сите кои ја воделе државата.

„Мицкоски може да сонува за враќање на факултет. Реалноста е дека пред тоа ќе мора да одговара за она што го направи со Македонија и со македонскиот народ“, наведуваат од СДСМ, додавајќи ја и пораката: „Освен ако не мисли на онаа: ‘Затворите се нашите универзитети!’“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Метеоропатија болест на современото општество – расте бројот на интервенции и колапси

Дејан Дејан

Филипче: Изборниот законик како што е предложен не е ниту европски, ниту демократски

Дејан Дејан

Управен суд: Филозофскиот факултетот донел незаконита одлука кога на студентка на трет циклус и ги прекинал студиите

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе