Вести Македонија Топ вести

Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, робот оперираше пациент со карцином на простата

Демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион беше поставена во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“при Медицинскиот факултет.

Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на најсовремена роботска технологија и минимално инвазивен хируршки пристап.

Со оваа интервенција, македонското државно здравство прави историски исчекор во развојот на минимално инвазивната роботска хирургија, отворајќи нови можности за современ третман.

Операцијата ја изведе тимот на Клиниката за урологија, предводен од д-р Виктор Станков, научен соработник и специјалист уролог. При зафатот беше користен роботскиот хируршки систем EdGe Medical, со примена на Single Site метода, односно хируршки пристап преку еден единствен отвор.

Овој пристап овозможува поголема прецизност при интервенцијата, помала траума за пациентот, намалена постоперативна болка и побрзо закрепнување. Според достапните сознанија, ова е и прва примена на Single Site метода од ваков тип во Европа.

Овој роботски систем покрај во урологијата ќе има можност да се користи и во гинекологијата и во други хируршки домени во рамките на државното здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прешова: Наместо Судски нека се формира Судо-шпед

Дејан Дејан

Од над 30 до над 50 отсто зголемување на цената на услугата – вакви барања добила регулаторите од фирмите за парно

Дејан Дејан

Приведен штипјанец откако бил фатен како пали сува трева кај Долни Балван

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе