Вести Македонија Најважни

Агенцијата Рубикон во фокусот на доказите за Пулс – Нацев бил консултант или неформален сопственик?

Докази поврзани со агенцијата за обезбедување Рубикон, изведувани на денешното рочиште за ПУЛС, има ли докази за неформалниот сопственик Нацев, борба меѓу обвинителството и одбраната. Што бил Нацев во Рубикон само консултант или неформален сопственик на Рубикон – се докажуваа одбраната и обвинителството.

Aгенцијата за обезбедување „Рубикон“, нејзиниот формален сопственик Јане Јанчевски, и неформалниот сопственик како што тврди обвинителството Александар Нацев беа денеска во фокусот на доказите за трагедијата во кочанската дискотека Пулс.

За вистинскиот сопственик Јане Јанчевски беа презентирани низа документи на коишто тој има ставено потпис, но за неформалниот сопственик Нацев само неколку.

Тој никаде не фигурира во Централниот регистар во Рубикон, но обвинителството тврдеше дека со тоа што е најдено при претресот огромна документација кај него за работењето на агенцијата ќе докаже дека и тој сноси одговорност за тоа што се случи во дискотеката „Пулс“.

Беше презентирана и визит-картичка од „Рубикон“, но одбраната инсистираше јавноста да види дека неа пишува дека се работи за консултант во „Рубикон“.

  • Од страна на обвинителството беа презентирани докази и беше посочено дека при претрес на дом кај обвинетиот Александар Нацев била пронајдена обемна доказна документација којашто укажува на тоа дека ова лице е вистинскиот, односно како што велат тие, неформалниот сопственик, што одбраната целосно го оспори уште со давањето на воведни зборови. На денешната расправа посочивме и дека ниту еден доказ од таа спомената обемна документација не е пронајдена во домот на Александар Нацев и дека се работи за документација којашто била пронајдена подоцна при претрес на возило, меѓутоа документација којашто не укажува на тоа дека ова лице имало било какво управувачка, односно сопственичка структура во друштвото за обезбедување на имот и лица „Рубикон Секјурити Солушнс“ (Rubikon Security Solutions), рече Дејан Стојчев, адвокат на Александар Нацев.

Како доказ беше изведен и сертификат на Јанчевски за полиграфско тестирање, но и уште два бланко сертификати сите издадени од Европскиот универзитет каде професор беше Нацев. Меѓу документите имаше и планови за тоа што биле обврските на обезбедувањето но за други објекти не и за Пулс. На сите беше потпишан вистинскиот сопственик Јанчевски освен на еден на кој потпис ставил Нацев. Во плановите меѓу другото пишува дека обврска на обезбедувањето е да контролираат дали се внесуваат и пиротехнички средства и ласери.

  • Самиот закон предвидува дека такви планови се изработуваат кога се потребни обезбедувачи повеќе од четири, најмалку четири… најмалку пет, извинете. Во конкретниот случај биле четири обезбедувачи според обвинението и поради тоа таков план не бил изработен, а со тоа немаше доказ дека членовите на обезбедувањето имале конкретни задачи како да постапуваат критичната ноќ. Од друга страна, нас одбраната не загрижува што одредени докази кои ни одат во прилог беа обезбедени во текот на истрагата, но не беа презентирани од страна на обвинителството. Докази во однос на лицето за кое се тврди дека ја внело пиротехниката – има докази дека тоа не го сторило, дека ранецот не бил негов кој бил пронајден во дискотеката, рече Зоран Зафиров, адвокат на Захариев.

Инаку според обвинителството договор за услуга меѓу „Рубикон“ и „Пулс“ немало. Постоел за патролно обезбедување меѓу „Рубикон“ и „ММММ Кафе“ но тој бил само за изигрување, за да се прикаже дека има некаков договор. За потписот истакна дека не е на сопственикот на агенцијата и нема датум на склучување.

За останатите четворица обезбедувачи коишто вечерта биле во дискотеката „Пулс“ исто така беа презентирани докази, односно пронајдени вештачења од примероци од крв и урина. Кај ниту еден не било констатирано дека има присуство на алкохол, само кај еден психотропни супстанци.

Нивната одбрана тврдеше дека тие вечерта спасувале животи и дека ќе докажат дека се невини.

Билјана Николовска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Студентите во студентскиот дом во Охрид седум дена без топла вода – како решение им било понудено сите да користат една соба со туш

Tea Dimkovska

ЕУ со нон-пејпери се подготвува за проширување – Македонија заглавена на уставните измени

Дејан Дејан

Докази поврзани со агенцијата за обезбедување Рубикон, изведувани на денешното рочиште за ПУЛС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе