Вести Култура Топ вести

МНТ на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ : Современиот човек растргнат меѓу стравот и надежта

Две претстави беа изведени на шестиот ден на 60. Македонски театарски фестивал „ Војдан чернодрински“ во Прилеп. Македонскиот народен театар со „ Страв и надеж“ настапи во натпреварувачката програма, а во офф програмата беше прикажана претставата „ Драга Јелена Сергеевна“. Се одржа и трибина, насловена „Колку е современ театарот во Македонија“.

Хиперреалистичен приказ на стварноста, во која современиот човек е исправен меѓу стравот за егзистенција и надежта дека ќе биде подобро, донесе постановката на МНТ –„Страв и надеж“, прикажана во натпеварувачката фестивалска  програма. Претставата е работена  по  текст на германскиот автор Франц Ксавер Крец, во режија на Татјана Мандиќ – Ригонат, од Србија. Таа нуди лично доживување на актуелната стварност, комбинирајќи драмски и епски театар.

  • Јас видов можност да кажам нешто многу лично. Значи, тие стихови што ги споменувате, тоа се песни што јас ги напишав. Тоа е значи мој коментар, всушност не е коментар туку доживување. Доживувањето е посилна работа од коментарот- Татјана Мандиќ- Ригонат – режисерка.

Во офф програмата беше изведена гротеската „ Драга Јелена Сергеевна “ , по текст на Људмила Разумовскаја, во режија на Шенај Мандак, во моментот најдобрата млада режисерка во нашиот театар . Претставата во продукција на ФДУ , се фокусира на образовниот систем во кој наставниот кадар е атакуван од ученици, за повисоки оценки.

  • И страната на наставничката и страната на учениците си имаат доволно аргименти за да си го оправдаат тој генерациски судир. Мислам дека тоа е многу важна тема на која треба да се обрне внимание- Шенај Мандак- режисерка.

На трибината „Колку е современ македонскиот театар, денес“ уметниците  се пожалија на пречките со кои се соочуваат при работата во институциите. А, истакнаа и дека формите на современиот театар кај нас не се преведени.

  • Отпор кон одредени автори или одредени теми. Или на одредени видови истражувачки процес, можеби. Независната сцена дава повеќе слобода- Тамара Стојановска – режисерка.
  • Партиципативен театар, односно вклучувачки, имерзивен. Овие термини не сум сигурен дали имаат соодветни преводи на македонски јазик- Милош Андоновски- режисер и едукатор.

Беше констатирано дека независниот театар е посовремен од институционалниот.

Фестивалот „Војдан Чернодрински “ вечерва навлегува во неговата завршница. Па, ќе бидат прикажани две претстави. Во продукција на НТ-Битола ќе биде изведена претставата „Едмонд“, во натпреварувачката програма. А, во офф програмата ќе биде изведена претставата „Сина сенка “ на независниот театар „ Златен елец“ од Скопје.

Утре напладне ќе бидат соопштени добитниците на фестивалските награди. А, утревечер по врачувањето на наградите, ќе биде изведена претставата „ Црно злато“ , со која ќе гостува Белградскиот драмски театар . Станува збор за претстава, направена според најновиот текст на нашиот Дејан Дуковски, во режија на Оливеќ Фрлиќ.

Од Прилеп за Телма Тв – Сотир Трајков

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ со нон-пејпери се подготвува за проширување – Македонија заглавена на уставните измени

Дејан Дејан

Докази поврзани со агенцијата за обезбедување Рубикон, изведувани на денешното рочиште за ПУЛС

Дејан Дејан

Алиу не се откажува од фингерпринт и покрај отпорот на докторите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе