Зголемување на јавната свест за одговорно сопственишто е тоа на што ЈП „Лајка“ ќе се фокусира во идниот период, освен вршење на својата основна дејност за намалување на бројот на улични кучиња преку програмата „залови – стерилизирај – врати“.
За таа цел „Лајка“ организираше тродневен фестивал, со стручна дебата со гости од Хрватска, Босна и Херцеговина и Шпанија, како таму е решен проблемот со уличните кучиња, но и со настани во Градскиот парк, на кој граѓаните одблиску можеа да се запознаат со дел од кучињата штитеници на „Лајка“ и што е тоа одговорно сопственишто.
Директорот на „Лајка“, Воислав Димитровски, вели дека проблемот со уличните кучиња не се создава сам од себе и дека нема сам од себе да исчезне и оти тоа може да се направи само со заедничка и синхронизирана акција на институциите, ветеринарите, но и граѓаните. Дел од проблемот е, како што вели, и неодговорното сопствеништво.
