Вести Македонија

Риби предатори во Преспа – сончарка  го нарушува природниот баланс

Покрај намалувањето на водостојот, загадувањето и појавата на  алги, Преспанското Езеро денес се соочува и со заканата од инвазивни предаторски риби кои дополнително го нарушуваат екосистемот.

Сончарката, која потекнува од  Америка и првично била внесена во Европа како аквариумска риба, е агресивен и граблив вид што се храни со икра, подмладок и мали риби. Поради брзото размножување и лесната приспособливост, таа претставува сериозна закана за автохтоните видови во Преспанското Езеро.

„Зависно од нивниот животен циклус, инвазивните видови го нарушуваат животниот циклус на автохтоните риби. Доаѓа до натпревар за храна и простор, а некои од нив се и поголеми предатори, што дополнително ја нарушува рамнотежата во Преспанското Езеро“ – вели Орхидеја Тасевска, директор на Хидробиолошки институт Охрид

Хидробиолошкиот институт од Охрид, во рамки на проектот „ЕУ за Преспа“, веќе спроведува мерки за контрола и отстранување на инвазивните видови риби. За таа цел е воспоставена соработка со концесионерот на Преспанското Езеро и со локалните рибари, кои учествуваат во изловот.

„Не е доволно само да се улови сончарката и да се остави на брегот. Во соработка со компанија ќе обезбедиме соодветен третман на уловот преку преработка, компостирање, производство на биогас или други мерки“ – додава Орхидеја Тасевска.

Стручњаците предупредуваат дека ваквите видови најчесто се внесуваат со човечка активност – преку аквариуми, рибници, пловни објекти или други патишта.

Со спроведувањето на мерките, институциите и научниците очекуваат да се намали влијанието на инвазивните видови и да се зачува природната рамнотежа во едеден  од најзначајните езерски екосистеми на Балканот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе