Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со шпионската афера во Кабинетот на претседателот се уште чека известување од МВР од анализата на мобилните телефони и податоците екстархирани од компјутерската опрема и од информативниот систем на Кабинетот на Пртесдеталката.
„На 25.03.2026 година, имајќи ја предвид сериозноста и чувствителноста на предметот, јавниот обвинител до МВР – Сектор за компјутерски криминал достави наредба за анализа на податоците од мобилните телефони, како и заедничка анализа на податоците екстрахирани од компјутерската опрема обработена во Истражниот центар на ОЈО ГОКК. Дополнително, беше побарана и анализа на постапувањето по судската наредба за увид и пребарување во информативниот систем на Кабинетот на Претседателката, со задолжение до обвинителството да биде доставено известување за прибраните докази.
До денес, и покрај сериозноста на предметот, чувствителноста на околностите и значењето на навременото постапување, ОЈО ГОКК нема добиено известување од МВР за резултатите од преземените дејствија, ниту за прибраните докази“, соопштуваат од Обвинителството.
Предистрагата започнала во декември лани кога добиле пријава од МВР – Сектор за компјутерски криминал, за „постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес“.
Во рамки на постапката, доставиле барање до Основниот кривичен суд за да достават наредба за пребарување на компјутерскиот систем за утврдување на содржините што евентуално биле неовластено преснимени од информативниот систем во Кабинетот на Претседателката.
Од Кабинетот на Претседателката побарале копии од видео записите од безбедносните камери поврзани со пријавениот настан, но од таму одговориле дека тие не располгаат со копии од видео надзорот, бидејќи опремата е набавена преку СОЗР, а надлежноста за ракување и чување на записите е кај МВР. Од СОЗР беше добиено известување дека институцијата не располага со видео записи,
И покрај тоа, од страна на МВР до денес не се доставени повратни информации, ниту известување за преземени дејствија во врска со обезбедувањето на копиите од видео надзорот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
