Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола. Во гаснење на огнот кој изби пред еден час, интервенираше Противпожарната бригада на Град Скопје.

Навремено е спречено пожарот да се прошири и на другите објекти.
Пожарот изби попладнево во магацин на Јужен Булевар кај местото „Рампа“, во скопската населба Кисела Вода. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираат дека е запален магацин или друг простор кај бараките во близина на Пазарната инспекција.
„Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија“, рече Стојанче Анеглов.

При интервенцијата, еден пожарникар е повреден и веднаш е пренесен на клиника.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски рече дека со брзата интервенција на пожарникарите „беше спречено проширување на пожарот кон околните објекти и избегната е поголема трагедија“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
