19 годишно момче од село Бојане е уапсено за убиство на 18 годишниот Б.Д. од истото село.
Убиството се случило пред два дена во шума во околина на Сарај кога тинејџерот со пиштол го усмртил момчето.
Слуачјот во полиција го пријавил таткото на тинејџерот кој на телефонската линија за итни повици 192 пријавил дека синот му признал дека со пиштол го усмртил Б.Д од Бојане. Полицајци го уапсиле синоќа по полноќ.
Пронајдено е телото на починатото момче и пиштолот со кој е извршено убиството.
„На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане.
Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен во полициски службеници, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството. По документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од полицијата.
