Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11°C, а максимумот од 16 до 23°C.
Информација од ова утро 16.5.2026
Минимална температура (во °C)
4 Берово, Лазарополе, Попова Шапка, 6 Kрушево, Mаврови Анови, 7 Крива Паланка, 8 Охрид, Битола, 9 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Прилеп, 10 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Кавадарци, 11 Штип, Виница, Гевгелија, 12 Струмица, 13 Демир Капија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
2 Крушево, Попова Шапка, 1 Тетово, Лазарополе.
