Вести Економија Топ вести

Трамп на ЕУ и даде рок до 4 јули за трговскиот договор, судот во САД му пресуди, глобалните царини од 10 проценти се незаконски

Американски трговски суд пресуди дека најновите глобални царини од 10 проценти воведени од претседателот Доналд Трамп не се оправдани според трговското законодавство од 1970-тите години, но само во однос на две приватни компании увозници и сојузната држава Вашингтон.

Царините и понатаму остануваат во сила за сите други увозници. Во пресудата се наведува дека администрацијата на Трамп немала доволна законска основа за примена на оваа одредба во конкретниот случај.

Од друга страна Трамп дал рок до 4 јули ЕУ да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа. Ова  Трамп телефонски и го кажал на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Трамп разговорот со Фон дер Лајен го оцени како „одличен“ и посочи дека разговарале за повеќе прашања, вклучително и за Иран, при што се согласиле дека Техеран не смее да располага со нуклеарно оружје.

Американскиот претседател нагласи дека ЕУ има рок да го спроведе трговскиот договор до 250-годишнината од основањето на САД, што годинава ќе биде одбележана на националниот празник – 4 Јули.

На 1 мај Трамп објави дека американските царини за автомобили и камиони увезени од ЕУ ќе бидат зголемени на 25 проценти, наведувајќи дека Унијата не го почитувала билатералниот трговски договор. Во моментов царините изнесуваат 15 проценти.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Без согласност на СДСМ и Левица, власта ги поднесе измените на Изборниот законик – електронското гласање на дијаспората на гласање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе