Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е во разговори со претставници на американската администрација за да добие подобар увид во најновите случувања во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Според израелски извор, запознат со детали од разговорите, Нетанјаху настојува да ги добие најновите информации за текот на преговорите и да ги разбере опциите на маса. Израел, наведува истиот извор, изразува загриженост за можни американски отстапки во последен момент, во насока на постигнување на договор за крај на војната со Иран.
Засега е нејасно со кои претставници разговарал Нетанјаху, а изостана и коментар од Белата куќа.
Израел е особено загрижен за можно укинување на економските санкции за Иран. Исто така заговара воведување на ограничувања на иранска мрежа на прокси групи, како и на програмата за балистички проектили. Покрај тоа, Израел сака да осигура дека и покрај евентуален договор ќе се зачува слободата за делување на израелската војска против регионалните закани.
Голема е веројатноста за договор меѓу САД и Иран, порача премиерот на Катар
