Постои „голема веројатност“ дека САД и Иран ќе постигнат договор, порача премиерот на Катар и министер за надворешни работи, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани за телевизија Ал Араби Ал-Џадед.
Тој го осуди користењето на Ормускиот Теснец како средство за притисок и нагласи дека секој договор треба да ги земе предвид интересите на регионот. Повика на интеграција меѓу државите во Персискиот залив за да се одговори на заедничките закани, со што веројатно алудира на Иран.
Ал Тани го поддржа сојузништвото на Катар со САД, велејќи дека се темели на заеднички интереси и сеопфатно разбирање.
