Цените на нафтата денеска пораснаа додека се наближува истекувањето на новиот рок од ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран, а пазарите се фокусирани на тековните нарушувања на глобалните енергетски резерви, јави ДПА.
Суровата нафта Брент за испорака во јуни утрово се искачи за 1,2 отсто на 111,11 долари за барел во раната трговија, враќајќи се кон врвот во март од нешто над 112 долари. Американската сурова нафта од Западен Тексас за истиот месец на испорака забележа слични зголемувања.
Од почетокот на конфликтот во Иран, цените на нафтата Брент се зголемија за повеќе од 50 отсто, што укажува на растечка загриженост за инфлација и економскиот раст.
Договорите за следниот месец покажаа уште поостри зголемувања, при што WTI за испорака во мај се тргуваше за околу 115 долари за барел, приближно 70 отсто повисоко отколку пред почетокот на конфликтот пред повеќе од пет недели.
