Вести Култура

Дејан Дуковски: Не е добро време за уметност, но немаме друго сега

Ова не е добро време за уметност, но немаме друго, сега. Ова го кажа нашиот најпреведуван и најпоставуван драмски автор во странство, во историјата на македонскиот театар, Дејан Дуковски, на часот по „ Македонска драма и театар “ на ФДУ во Скопје. Дуковски ќе биде автор во фокусот на претстојното 60. јубилејно издание на МТФ „ Војдан Чернодрински“ во Прилеп, па настанот на ФДУ беше своевидна увертира што ја модерираше професорката, театролог , писателка и поетеса, Ана Стојаноска.

  • Не е добро време за уметност, ама немаме друго сега и тоа е точно. Но, бил театарот исто, многу често пати нели, да не кажам прохибиран, не бил во милост. Шекспир пишувал поезија кога театарот не бил на цена во Англија. Ама не умрел театарот, вели Дејан Дуковски- драмски писател.

Во македонскиот театарски контекст Дуковски го воведе постмодерниот правец „ драма на крв, пот и сперма“, со што и во европски рамки е пред Сара Кејн, препознаена како таква авторка во Англија. Неговите драми, пишувани фрагментарно , со брутален и искрен јазик претставуваа нов тренд во македонскиот театар. Од „ Балканска 3/а“, преку „ Последниот балкански вампир“, па „ Балканот не е мртов“, „ Буре Барут“ „ М.М.Е. кој прв почна“ до најновата „ Црно злато“, драмите на Дуковски беа и се коментар на стварноста на Балканот.

  • Кризно место, а драмата некако се занимава со криза и со конфликт, во кој што јас творев. Така што мене ми беше многу логично и тој наслов „ Буре барут“ што е доста експлицитен, во смисла на темата, рече Дуковски. 

Објавувањето на текстот„ Буре барут“ во германскиот магазин „ Театарот денес“ широко му ги отворило вратите низ светот. За развојот на неговата креативност заслужен е неговиот професор Горан Стефановски, но и автори од регионот и пошироко. Кога пишува, Дејан Дуковски сака и тишината меѓу дијалозите да има значење и се труди, како што рече, во текстовите да вметне надеж за иднината.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Тајната служба го советува Вучиќ да не патува во Црна Гора: Се плашат од мафијаш кој јадел ќебапи од човечко месо

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе