Вести Економија

Анализа на „Инвестор“: Азиските земји се најпогодени од цената на дизелот, во САД поскап за 41,2 проценти, во Германија за 30,9, во Русија за 0,5

Војната со Иран предизвика силен потрес на светските пазари на нафта, при што најновите податоци покажуваат драматични разлики во растот на цените на дизелот низ светот. Според анализата на сервисот „Инвестор Сајт“, најголем удар претрпеле азиските земји.

Филипините бележат најголемо поскапување од 81,6 проценти, по што следи Нигерија со 78,3 проценти. Во Малезија цената на дизелот пораснала за 57,9 проценти, додека во Австралија за 52,1 процент.

Украина се наоѓа на 10-то место со раст од 33,9 проценти, што е повеќе отколку во водечките европски економии. Во Германија е регистриран раст од 30,9 проценти, а во Франција 27,8 проценти. Во САД цената на дизелот пораснала за 41,2 проценти, додека во Кина за 25,4 проценти.

Додека голем дел од светот се соочува со високи цени, одредени земји остануваат релативно стабилни. Индија и Саудиска Арабија не бележат промена (0,0 проценти), додека Русија има минимален раст од 0,5 проценти.

Земјите од Персискиот Залив, како Катар и Обединетите Арапски Емирати, имаат умерен раст од околу 7,9 проценти.

Експертите посочуваат дека цените се ажурираат неделно, но дека тековниот тренд покажува оти енергетската стабилност и географската близина до ресурсите се клучни фактори за справување со кризата, која е дополнително влошена поради ограничувањата на протокот на нафта низ Ормуската Теснина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе