Дизел-горивото на „Макпетрол“ од полноќ се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Компанијата уште во понеделникот ја спушти цената на дизелот за два денара, а со дополнителното намалување, ова гориво од денеска се продава за вкупно три денари пониска цена.
По промената, дизел-горивото сега се набавува за 92,5 денари за литар.
И дел од другите горива на бензинските станици на „Макпетрол“ веќе се продаваат за цена пониска од два денари од таа објавена од РКЕ.
Горивото Еуросупер БС-95 на „Макпетрол“ се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 чини 86,5 денари.
Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот ги објави следните цени на горивата: Еуросупер БС-95 – 86,50 (денари/литар); Еуросупер БС-98 – 88,50 (денари/литар); дизел – 95,50 (денари/литар).
