Вести Македонија Најважни

Дизелот поскапува за 3,5 денари, бензинот со иста цена – регулаторна ќе прави корекции по потреба

Дизелот повторно поскапува. Овој пат за 3,5 денари. Цената на бензините останува иста. Регулаторна ги објави новите одлуки за горивата. Со денешната корекција за две недели поскапувањето кај дизелот е над 30 отсто. Неговата цена се искачи до 95,5 денари.

Во меѓувреме регулаторна го промени и правилникот.  Наместо да чека понеделник, одлука за нови цени ќе може да носи и по потреба. Ако, на пример, Владата донесе некаква измена која би влегла во пресметката за горивата, регулаторите ќе можат веднаш да прават корекција.

По две големи покачувања, пак, Владата се охрабри и на седница одлучи да го намали ДДВ-то од 18 на 10 отсто за горивата. Ваквата мерка за познавачите ќе врати пари кај граѓаните, но ќе влијае на буџетот. Затоа сметаат дека претходно требало да се делува со мерка која нема толку да ја размрда државната каса со образложение дека состојбата на Блискиот исток е неизвесна и треба да се остави простор и за други мерки.

„Она што можеше претходно да се случи можеше да се најават мерките или благо да се реагира со некоја друга мерка по таргетирана, пред сè, за оние кои беа најмногу погодени во бизнисите, логистиката и во транспортот. И во секој случај треба да се најават сет на мерки со кои ќе делува, доколку ситуацијата почне да се влошува да не оставиме шпекулативно да се претпоставува каква ќе биде мерката од ден за ден, недела за недела“, вели Борче Треновски, универзитетски професор.

Дали ќе се делува и со други мерки со оглед на тоа што Владата прогласи кризна состојба во времетраење од 30 дена, премиерот Мицкоски конкретно не одговори.

„Имаме уште некои чекори, мерки, граѓаните и бизнисот да бидат спокојни. Имаме предизвици и ќе има предизвици, но енергетската состојба е стабилна, но и снабдувањето со деривати е стабилно“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Од Министерството за енергетика, пак, уверуваат дека имале состанок и се во преговори со ОКТА за нови поволности кои би можела да ги даде компанијата.

Цената на нафтата, пак, и натаму е над 100 долари за барел.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе