Вести Македонија Топ вести

Запрена е кривичната постапка за разрешениот судија Лазар Нанев

Запрена е кривичната постапка за разрешениот судија Лазар Нанев. Стои на  веб страница, информираше Основниот Суд Велес.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по предметот К.бр. 224/ 25 против обвинетиот Л.Н од Кавадарци за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ е донесено Решение со кое -Постапката поведена по обвинителен предлог III КО.бр.46/25 од 23.06.2025 година на ОЈО Велес против обвинетиот Л.Н. од Кавадарци, за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, се запира, пишува во соопштението.

-Вака донесеното решение е врз основа на чл.62 ст.2 од ЗКП, а од причина што Основното јавно обвинителство Велес со писмен поднесок од 02.03.2026 година го извести судот дека го повлекува обвинителниот предлог против обвинетиот и се откажува од понатамошно гонење за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, стои во соопштението од Судот во Велес.

Лазар Нанев е поранешен судија и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци. На 16 октомври 2024 година, Судскиот совет го разреши од судиската функција поради дисциплински постапки, поврзани со 97 телефонски контакти во краток период со обвинет во предмет што го водел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапување на парното греење?

Kristina Kuzmanovski

Украина ги нападна Белгород и Ростов има повредени и мртви

Kristina Kuzmanovski

Штрајкуваат грчките цариници – од 05 до 09 часот ограничувања на граничните премини со Грција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе