Вести Македонија Топ вести

Ќе се менува ли финалната верзија на предлог законот за пушење?

Ќе попушти ли Владата под притисок на угостителите? – Зад затворени врати се прекројува Pредлог законот за заштита од пушење. Според неофицијални информации на Телма, ќе има отстапки. Она што на почеток беше категорично кажано дека пушачкиот дел од објектите мора да биде отворен од три страни, се намали на две, но сега и тоа е под знак прашалник.

И роковите се поместуваат. Угостителите бараа три години за прилагодување, државата не отиде толку далеку ама, сепак, им даде една година. Не како што сакаа, ама и не толку строго како што прво се најавуваше. Сега и ова е на климав терен, дали рокот ќе се крати или пак ќе се продолжи.

Претходна одлука беше и дека вејп, ајкос и сличните уреди нема да смеат да се користат во затворени простории. Барањата тие да останат дозволени не поминаа.

Предлог- законот за заштита од пушење помина на ЕНЕР, сега е во владина процедура, па ќе оди во Собрание, но датум за гласање сè уште нема. Пред половина месец од здравство кажаа дека реакции стигнале од сите страни, комори, здруженија, невладини, граѓани. Едни барале појасни правила, други стравуваат за бизнисот, трети отворено се против. Државата тврди дека целта е јасна, помалку чад и пари за лекување, а повеќе здравје.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар се приближуваат кон Бордо, Макрон свика итен состанок- над 300.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија

Kristina Kuzmanovski

Паднаа цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу Иран и САД

Kristina Kuzmanovski

Еден осомничен е уапсен, а друг се бара по пукотницата на фестивалот за храна во Сиетл, во која загинаа 3 лица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе