Вести Економија

Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, за 19,2 проценти помалку од лани

Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија за градење, 160, се издадени за високоградба, а за изградба предвидени се вкупно 618 станови, од кои во Скопскиот Регион, 288, во Југозападниот, 173, Полошкиот, 59,.

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 64, по што следуваат Југоисточниот, 50, Скопскиот, 34, Пелагонискиот 31,.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 325 219 000 денари, што е за 25,1 процент помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 160 (62,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12,1 проценти) од нискоградба и 65 (25,4 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 155 (60,5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 101 (39,5 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

– Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од 54 359 квадратни метри – се вели во извештајот на ДЗС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе