Низ Ормутскиот теснец секојдневно минуваа околу 20 милиони барели нафта. Според енергетичарот Виктор Андонов, ова стратешко место има огромно значење за светската економија.
„Во бројки, дневно поминуваат 20 милиони барели, или ако го земеме 80 долари по барел, тоа изнесува една милијарда и 600 илјади долари. Најголем број, 80 проценти, одат во Азија, каде држави како Јапонија и Јужна Кореја целосно зависат од снабдувањето. Никој нема придобивка од оваа војна, а Иран дневно губи 200 милиони долари од произведената и извезената нафта“, вели Андонов.
Според него, најзасегнати се делови од Азија, додека Кина и покрај можните загуби на пазарот има одреден маневарски простор, бидејќи купува нафта и од Русија.
Експертите предупредуваат дека блокадите или прекините во снабдувањето низ Ормутскиот теснец може да предизвикаат сериозни скокови на цените на нафтата и влијание врз глобалната економија.
Т.Д.
