Вести Економија Македонија

Андреевски: Цените на природниот гас експлодираа, а ефектите за економијата се неизвесни

Нападите на САД и Израел врз Иран и можниот одговор на Техеран кон арапските земји каде има американски бази создаваат несигурност на глобалните енергетски пазари, предупредуваат експертите. За ова во Топ Тема дискутираат енергетичарите Митко Андреевски и Виктор Андонов.

„Ова се турбулентни денови со предизвици и неизвесна иднина за тоа што воопшто ќе се случува, не само за нашата република и регионот, туку генерално за глобалниот економски поредок“, изјави Митко Андреевски.

Според него, нападите веќе создаваат геополитичка, воена и енергетска неизвесност: „Тоа што можевме да го забележиме овие два дена е огромниот скок на цената на природниот гас затоа што доаѓа до микс кога берзите на природен гас ја создаваат цената во односот на микс на конвенционалното доставување по цевковод и комбинација ЛНГ доставување со бродови, а најголемите извозници доаѓаат од Персискиот залив. Тие снабдуваат една петтина од светските потреби на природен гас, а по санкциите кон Русија, голем дел од Европа зависи од нив. Блокадата овие два дена ја стопира комплетната испорака.“

Андреевски потенцира дека последиците се веќе видливи на европските пазари.

„На ТТФ европската берза, најреферентната во Европа, во петокот цената затвори на 32 евра, а во понеделник на пладне цената експлодира на 65 евра – двојно повеќе. Ова е еден пример колку брзо геополитичката криза може да влијае на економијата“, објасни Андреевски.

Тој додава дека кризата може да биде краткотрајна или продолжена. Дали таа ќе трае пет дена, 10 дена или еден месец е знак прашање. Ако биде кратко, како првиот напад врз складиштата за обогатување ураниум минатата година, цените можеби ќе се стабилизираат. Но ако тензиите се продлабочат, ефектите ќе бидат сериозни.“

Проблемот е особено значаен за земјите со увоз на енергенси, вклучително и Македонија, која би била изложена на скок на цените и притисок врз домашната инфлација.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе