Во православната традиција, Велигденските пости, Великиот пост, започнуваат по празникот Прочка и траат седум недели, сè до празникот Велигден. Овој период е најдолгиот и најстрогиот пост во годината и има духовна цел – прочистување преку воздржување, молитва, покајание и простување.
Нашите политичари се први во црква кога се големите христијански празници – редовни на литургија. За постење од функции, тендери, политички препукувања и дневна доза навреди – сè уште чекаме чудо.
Во недела е Прочка. Ќе треба многу работи да се простат. Има многу работи за простување. Некои гревови се лични, некои политички, а некои толку долготрајни што бараат повеќегодишен „пост“ од сите досегашни власти.
На Прочка се простуваат многу работи и дали може народот да најде начин и да им прости на политичарите?
АНКЕТА: Дали ќе постите за Велигден и дали ќе простите за Прочка? ДА / НЕ
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
