Црвена линија

Црвена линија с6. е.084 денеска во 16:15 (20 фев.’26)

Во православната традиција, Велигденските пости, Великиот пост, започнуваат по празникот Прочка и траат седум недели, сè до празникот Велигден. Овој период е најдолгиот и најстрогиот пост во годината и има духовна цел – прочистување преку воздржување, молитва, покајание и простување.
Нашите политичари се први во црква кога се големите христијански празници – редовни на литургија.  За постење од функции, тендери, политички препукувања и дневна доза навреди – сè уште чекаме чудо.
Во недела е Прочка. Ќе треба многу работи да се простат. Има многу работи за простување. Некои гревови се лични, некои политички, а некои толку долготрајни што бараат повеќегодишен „пост“ од сите досегашни власти.
На Прочка се простуваат многу работи и дали може народот да најде начин и да им прости на политичарите?
АНКЕТА: Дали ќе постите за Велигден и дали ќе простите за Прочка? ДА / НЕ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црвена линија с.6. e.172 денеска во 16:15 (06 јули ’26)

Дејан Дејан

Црвена линија с.6. e.171 денеска во 16:15 (03 јули ’26)

Дејан Дејан

Црвена линија с.6. e.170 денеска во 16:15 (02 јули ’26)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе