Вести Македонија

Лефков: Охридското Езеро има тенденција да ја загуби биолошката разновидност, негов најголем непријател е човекот

Охридското Езеро има јасно забележана тенденција да оди кон губење на биолошката разновидност, вели д-р Златко Лефков од Институт за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Треба да имаме предвид дека во 1979 година, УНЕСКО ја прогласува прво биолошката компонента која смета дека тоа е навистина уникатно езеро, за разлика од сите останатите езера во светот, вклучувајќи ги и Бајкал, Тангањика, Титикака и Малави, кои имаат доживеано некаква еколошка катастрофа во текот на своето постоење. Единствено езеро во светот до 1950-1960 година е Охридското Езеро кое што не доживеало никаква еколошка катастрофа“, истакна Лефков.

Додаде дека Охридското Езеро е единствено во кое живиот свет е подеднакво стар колку и самото езеро.

„Тоа значи дека од моментот на настанување, кога се формирало езерото, пред два и пол или три и пол милиони години, тој жив свет сè уште живеел или сè уште живее некаде во езерото и на одреден начин се бори на опстане и да ги задржи своите генетски специфичности“, потенцира Лефков и смета дека човекот е негов најголем непријател.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе