Вести Култура

Новиот македонски долгометражен игран филм „17“ е селектиран во програмата „Перспективи“ на 76. Меѓународен филмски фестивал во Берлин

Новиот македонски долгометражен игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и продуцент Томи Салковски, е селектиран во програмата „Перспективи“ на 76. Меѓународен филмски фестивал во Берлин – Берлинале. Веста денеска беше соопштена во Берлин, што претставува големо признание за македонската кинематографија.

Филмот „17“ е поддржан од Агенцијата за филм со средства во износ од 23 милиони денари, како значајна поддршка за реализација на дебитантски долгометражен проект. Со оваа селекција, филмот ќе се натпреварува во официјалната програма „Перспективи“, посветена на најдобрите дебитантски долгометражни остварувања од целиот свет.

„Селекцијата на филмот на Берлинале е огромна чест и потврда дека темите што ги отвора оваа дело се универзални и важни. Ова е силен поттик за мене и за целата екипа, но и за младите автори кои допрва доаѓаат“, изјави режисерката Косара Митиќ.

Во рамки на програмата „Берлинале Перспективи“, филмот ќе го оценува тричлено интернационално жири, кое од вкупно 14 селектирани дебитантски филмови ќе го избере најдобриот.

Приказната е поврзана со седумнаесетгодишната Сара, која тргнува на училишна екскурзија криејќи тајна за која никој не знае. Кога ситуацијата ќе излезе од контрола и таа ќе стане сведок на насилство врз нејзината соученичка Лина, меѓу двете девојки се создава силна врска што засекогаш ќе ги промени нивните животи.

Филмот е во продукција на „Црна Мачка Продукција“, во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, а проектот е поддржан и од Филмскиот центар на Србија, Словенечкиот филмски центар, СЕЕ Синема Нетворк и програмата CineLink Work in Progress на 31. Сараевски филмски фестивал.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе