Вести Најважни Свет

Трамп: Се разгледуваат „многу силни опции“ доколку продолжи насилството врз демонстрантите во Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, бил информиран за низа воени и тајни опции во однос на Иран, вклучувајќи можни ракетни напади, сајбер-операции и психолошки кампањи, објавија извори од Пентагон, пишува „Би-Би-Си.

Сега според информациите националниот безбедносен тим на САД треба да одржи состанок за следните чекори, додека Трамп порача дека се разгледуваат „многу силни опции“ доколку продолжи насилството врз демонстрантите.

Во Иран, антивладините протести траат со недели поради економската криза и падот на валутата, а според организациите за човекови права, убиени се над 600 луѓе.

Иранските власти, пак, тврдат дека се подготвени за разговори со Вашингтон, но истовремено порачуваат дека се „подготвени за војна“, додека врховниот лидер Али Хамнеи ги обвини САД за мешање.

Дополнително, Трамп најави воведување царини од 25% за земјите што тргуваат со Иран, што може дополнително да ја влоши економската состојба во земјата.

Мерката, заедно со меѓународните санкции, се очекува да го зголеми притисокот врз Техеран, додека интернет-блокадата и ограничениот пристап за медиумите ја отежнуваат проверката на состојбата на терен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе