Вести Македонија Топ вести

ДЗР: Сериозни неправилности во работењето на Државната лотарија

Државниот завод за ревизија изврши проверки на финансиските извештаи и усогласеност на Акционерското друштво за приредување игри на среќа – Државна лотарија на Република Македонија за 2024 година при што утврдила дека финансиските извештаи не може да се сметаат за целосно веродостојни, а усогласеноста со законската регулатива и воспоставените политики е неповолна.

Ревизорите велат дека се констатирани сериозни неправилности, меѓу кои сомнежи за злоупотреба на готовински средства, неточно евидентирање на трансакции и материјални средства, неточности во даночните обврски, неправилности во јавните набавки и спонзорства, како и нефункционален систем на внатрешна ревизија и контроли.

Дел од препораките од претходни ревизии се делумно или не се спроведени, а постои ризик од технолошко застарување на набавената опрема и непокриеност на одредени финансиски ризици.

За надминување на констатираните состојби се дадени препораки до надлежните органи и раководството на Друштвото.

Одговорот на директорот на Државната лотарија по нацрт-извештајот е разгледан, при што дел од забелешките беа прифатени, дел делумно, а дел не беа прифатени поради недостиг на докази, стои во извештајот на ревизија.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД за првпат употребија морски дронови, Иран ги гаѓаше американските бази во Бахреин и Кувајт – Пакистан повикува на итна деескалација

Sasko Dimovski

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе