Вториот круг од локалните избори бил согласно стандардите на ОБСЕ и на меѓународните стандарди, е прелиминарниот заклучок на Мониторинг мисијата на ОДИХР за локалните избори при што се констатира дека вториот круг од изборите понудил различни политички опции како кандидати за градоначалници, но не сите од нив имале еднаков пристап до платената политичка програма.
ОДИХР нотира и дека кандидатите за градоначаници можеле слободно да ја водат својата камапња, но оти останале разликите по етничка линија.
„Континуирана вклученост на високи владини претставници во кампањата ја замаглија линијата меѓу државата и партијата. Обвинувањата за притисок врз вработени во јавниот сектор и купување на гласови продолжија. Обвинувањата за купување на гласови се присутни во текот на целата кампањата и надлежните институции треба темелно да ги истражат. Мониторирање на медиумите во вториот круг покажа дека целокупното покривање продолжи да биде балансирано, но доделувањето на средства за платено политичко рекламирање беше во корист на големите партии што ги стави во подредена положба помалите партии и независните кандидати“, изјави Матео Мекачи, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР.
Изборната легислатива во земјава, според ОДИХР, овозможува техничка основа за демократски избори, но постојат бројни недоследноси и празнини поврзани со изборната администрација, пристапот до медиумите и систем за решавање на изборни спорови. ОДИХР и во вториот круг констатираше дискриминација на помалите партии за платено политичко рекламирање.
Дигитална обработка: Т.Д.
