Вести Локални избори 2025 Македонија Топ вести

Вреди: Мирен изборен процес, очекуваме победа во сите општини

Процесот на гласање за локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини, е првичниот впечаток на Вреди што го сподели портпаролот Дритон Сулејмани на прес-конференција од седиштето на партијата по затворање на избирачките места во 19 часот.

Според информации од терен, како што рече, процесот бил реализиран без поголеми неправилности и се заблагодари на сите граѓани кои денеска учествуваа во гласањето, докажувајќи висока демократска и граѓанска свест.

„Ова е слика што ја посакуваме за нашата земја, еден фер и мирен процес, кој покажува дека демократија се зајакнува и дека граѓаните се свесни за тежината и значењето на нивниот глас. По еден мирен и демократски ден, очекуваме победи во секоја општина кои ќе ја одразат довербата во нашата визија за работа и развој“, рече Сулејмани.

Од Државната изборна комисија (ДИК), додаде тој, се очекува фазата на затворање на избирачките места и броење на гласовите да се спроведе со целосна транспарентност, прецизност и професионалност и во согласност со законот.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе