Kилометарски колони од возила се формираа вечерва на автопатот Тетово-Скопје. Големиот застој е предизвикан од сообраќајна несреќа која се случила во непосредна близина на првата наплатна станица на влезот кон Скопје.
Како што пренесува „4news.mk“, сообраќајот се одвива под исклучително тешки услови и со големо задоцнување. Возило на Итната медицинска помош е притигнато на местото на несреќата. Повеќе детали и информации се очекуваат од МВР.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
