Дваесет и седумгодишен син на командир во Полициска станица – Тетово, брутално нападнал 42-годишен маж кој работел во Тобако во Тетово
Според очевидци, напаѓачот Ф.Д. прво го удрил А.К. по глава со стаклено шише, а подоцна жртвата била пронајдена во дупка на објект во изградба со скршени нозе и тешки повреди на главата.
Повредениот е итно пренесен во Скопје, а напаѓачот е лишен од слобода. Информацијата ја потврди и СВР Тетово.
Вториот инцидент се случил во Клиничката болница во Тетово, каде 28-годишниот М.М. од Челопек физички нападнал доктор додека му укажувал помош. Наместо соработка, пациентот станал агресивен, почнал да вика и да ги напаѓа вработените.
По интервенција на полицијата, тој продолжил со агресивно однесување и нападнал и полициски службеник по што бил приведен и задржан во полициска станица.
С.Д.
