Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагираше на барањата за негова оставка од страна на дел од партиите во земјава по вооружениот инцидент во Куманово, оценувајќи ги како „очајни, неосновани и политички мотивирани напади“.
Тој истакнува дека осум години уништување на државата не можат да се избришат со папагалско повторување на зборот „оставка“ и дека институциите конечно функционираат без партиска контрола.
Тошковски потенцира дека критиките не се однесуваат на неговата работа, туку на резултатите кои ги постигнал – кривични постапки против корумпирани судии, расчистени криминални банди, уапсени членови на терористички ќелии и поднесени кривични пријави против поранешни функционери.
Тој нагласува дека е првиот министер кој преживеал две интерпелации и дека нема да поднесе оставка, туку ќе продолжи со работа за решавање на проблемите.
Во коментар на Фејсбук вели дека за него политиката не е шоу, туку одговорност“, најавувајќи дека на претстојните локални избори граѓаните ќе ја кажат вистината за тоа кој работел, а кој ширел паника и хистерија.

Б.С.
