Руски „сајбер партизани“ хакирале еден од руските телекомуникациски провајдери заменувајќи го сигналот на дури 116 телевизиски канали да емитуваат видео снимки од украински напади врз руски нафтени рафинерии, како и снимки од недостаток на гориво и вода во неколку руски региони.
„Три и половина години од почетокот на војната, Путин не успеа целосно да освои ниту еден украински регион. Украина сѐ уште е независна, се вели во видеото.
Хакерскиот напад бил извршен вчера кога во Украина се прославуваше Денот на независноста, сооопштил извор од украинското разузнавање за домашните медиуми.
Според разузнавачкиот извор, „сајбер партизизаните“ успеале да го блокираат пристапот на администраторите, одржувајќи го емитувањето дури три часа.
Киев, веќе по правило, никогаш официјално не презема одговорност за слични акции на руска територија.
