Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат голем напредок во денешните разговори меѓу неговиот специјален пратеник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
На својот профил на мрежата Truth Social, тој изјави дека информирал одредени европски сојузници за резултатите од разговорите меѓу Виткоф и Путин во Москва и дека се согласува со сите дека војната во Украина мора да заврши.
„Мораме да работиме на тоа во наредните денови и недели“, рече Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
