Пет американски војници се ранети во пукање што се случило денеска во воената база Форт Стјуарт, во зона на 2-та оклопна бригада, во сојузната држава Џорџија, потврдија властите.
Напаѓачот, според официјалните информации, е уапсен, а опасност по заедницата повеќе не постои. И покрај тоа, делови од базата и натаму се под блокада. Војниците се згрижени на лице место, а потоа се превезени во болница.
Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит на Икс објави дека претседателот Трамп е известен за инцидентот и оти ситуацијата се следи внимателно. Истрагата е во тек,а властите засега не објавија повеќе детали.
Фото: printscreen/youtube
