Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека потпишал извршна наредба со која се воведуваат дополнителни 25 проценти царини за Индија, поради тоа што купувала руска нафта. Со тоа царинските давачки за сите индиски производи кои се извезуваат во САД ќе зголемуваат на 50 проценти.
Трамп претходно ја критикуваше Индија дека воопшто не е загрижена колку луѓе во Украина ќе убие руската воена машина. Објавувајќи ја новата царина, Белата куќа соопшти дека индискиот увоз на руска нафта ги поткопува американските напори за спротивставување на руските штетни влијанија.
Пред објавувањето на новата царина, Њу Делхи заканите на Трамп ги нарече неправедни и неразумни, додавајќи дека почнале да купуваат руска нафта откако биле поттикнати на тоа токму од страна на Вашингтон, за зајакнување на глобалниот пазар на енергенски.
