Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за утре во 18 часот најавува дека ќе свика состанок на кабинетот за безбедност во Ерусалим, каде ќе се дискутираат плановите за понатамошни воени операции во Појасот Газа.
Нетанјаху веќе претстави различни опции на своите блиски соработници, а на утрешниот состанок се очекува да се разгледа и можно одобрување на целосна воена окупација на Газа.
Сепак, оваа идеја предизвикува контроверзии, бидејќи началникот на Генералштабот, Ејал Замир, како и други воени претставници, изразија противење кон таков чекор, пренесува „Тајмс оф Израел“.
