Албанија обезбеди 120,5 милиони евра за изградба, рехабилитација и електрификација на железничката пруга Драч – Рогожина, како дел од Коридорот 8.
Средствата се обезбедени преку заеми од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ), како и инвестициски грантови и техничка помош од Европската Унија.
Проектот опфаќа околу 34 километри пруга, вклучувајќи и реконструкција на железничките станици.
По неговата реализација, се очекува возовите да сообраќаат со брзина до 120 км/ч, што ќе значи значително подобрување на железничкиот сообраќај во земјата.
Овој проект е дел од пошироките напори за модернизација на транспортната инфраструктура во Албанија и зајакнување на регионалната поврзаност, со цел усогласување со еколошките и транспортните стандарди на ЕУ.
