Силни дождови предизвикаа поплави во провинцијата Гуангдонг на југот на Кина, во близина на Хонг Конг.

Обилните врнежи кои од вчера паѓаат во земјата ги зголемија водостоите на 16 реки, јавуваат кинеските државни медиуми.
Најпогоден е градот Хуиџоу, каде за 24 часа беа поплавени улици, станбени комплекси и села.

Како мерка на претпазливост, локалните власти затворија училишта и деловни објекти.

Според локалните медиуми, повеќе од 1.000 жители се евакуирани поради опасноста од нови поплави.

Властите остануваат на терен и најавуваат дополнителни мерки доколку дождовите продолжат.
