Американскиот претседател инсистира дека постапил правилно со отпуштањето на директорката на Бирото за статистика на трудот, Ерика Мекентарфер, по објавувањето на извештајот за вработеноста во САД и евидентираниот пад во отворањето нови работни места.
Долго време имав проблем со бројките. Но, денеска одлично ни оди. Убеден сум дека бројките беа лажни, исто како и пред изборите, а имало и други примери. Знаете што направив? Ја отпуштив. И знаете што? Постапив правилно, инсистираше трамп на јужниот тревник од белата куќа.
Трамп ја обвини Мекентарфер дека ги лажирала бројките, а исто како што направила пред изборите обидувајќи се да му помогне на неговиот противкандидат, тогашната потпретседателка Камала Харис.
Бидејќи мислам дека нејзините бројки беа погрешни, исто како што мислев дека беа погрешни и пред изборите. Неколку денови пред изборите таа објави прекрасни бројки за Камала, за Бајден и Камала. Ги објави обидувајќи се да ѝ помогне да биде победи, обвини американскиот претседател.
Но, демократите го обвинија дека се однесува како диктатор затоа што ги казнува луѓето кои му ја кажуваат вистината.
Тој не може да ја поднесе вистината кога не се согласува со неа. Сѐ додека прави така економијата нема да се подобри, инфлацијата и цените за Американскиот народ само ќе се зголемуваат, а нови работни места нема да се отворат во државата. Треба да започне да владее како лидер, а не како некој што се обидува да имитира авторитарни лидери, порача лидерот на деморкатите во сенатот, чак шумер.
Гневот на американскиот претседател го предизвика најновиот извештајот кој покажа дека во месец јули биле отворени само 73.000 нови работни места, далеку помалку од проектираните 258.000. Уште полошо, извештајот открива дека од април, кога Трамп прв пат ги воведе царините, фабриките ширум САД скратиле 37.000 работни места.
Од друга страна, од април до сега инфлацијата пораснала од 2,2 проценти на 2,6 проценти. БДП годинава е на пат да порасне за само 1,3 проценти, повеќе од двојно помалку од ланскиот , кој изнесувал 2,8 проценти.
Игор Трајков
