Вести Свет Топ вести

По апелите дека луѓе умираат за храна, САД го испрати Виткоф во Газа

Патувањето на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф до местото за дистрибуција на помош во Газа беше дочекано со надеж, скептицизам и гнев од граѓаните, бидејќи гладот се шири низ целата територија. Жителите на Газа се надеваат оти посетата на Виткоф на Рафа ќе доведе до договор за прекин на огнот што „ќе стави крај на гладот“. Но, има и такви кои сметаат дека патувањето на Виткоф е „провокативно“, среде јасни слики дека хуманитарна криза ја зафаќа енклавата.

Американскиот педијатар Том Адамкевич од Атланта, кој работи во болница во Газа, го повика американскиот пратеник Виткоф да дојде и самиот да биде сведок на влошувањето на хуманитарната состојба на терен. Запрашан за тоа дали мисли дека на американскиот претседател Доналд Трамп му е кажано дека нема глад во Газа, тој одговори:

„Ова е апсолутна лага. Ова апсолутно не е вистина, бидејќи го видов тоа со свои очи. И би сакал г-дин Виткоф да дојде овде и да разговара со мене во лице, а јас ќе му покажам, во ред? Г-дине Виткоф, само дојдете овде веднаш“, изјави Том Адамкевич, американски педијатар во Газа.

Педијатарот додава и дека е „особено тешко“ да се види како хронично болните деца со срцеви проблеми сега се сериозно неухранети.

„Дефинитивно, повеќето луѓе имаат знаци на неухранетост, и возрасните и децата. Многу деца буквално се онесвестуваат во текот на денот. Овие деца страдаат од екстремно тешка неухранетост, бидејќи постои комбинација од хронични болести и неухранетост, како и обичните деца“, додаде Адамкевич. 

По најавите пак дека Франција, Велика Британија, Канада имаат намера да признаат палестинска држава, Германија вели тоа за нас е последниот чекор.

„Нема веднаш да ја признаеме палестинската држава. Тоа е еден од последните чекори што треба да се направат. Но, ние сме апсолутно посветени на решението со две држави. И го гледаме нашиот прв приоритет во давањето придонеси за процесот на градење држава на Палестина. Првото нешто што треба да го постигнеме е прекин на огнот и да се стави крај на војната во Појасот Газа“, порача Јохан Вадефул-министер за надворешни работи на Германија.

Инаку Виткоф пристигна во Израел вчера и се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обид да ги спаси разговорите за прекин на огнот во Газа и да разговара за хуманитарната криза во енклавата додека меѓународните организациии апелираат дека „најлошото сценарио за глад во моментов се одвива во Газа“.

Кристина Кузмановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Португалија е првата членка на ЕУ во мрежата HealthAI за надзор на примената на вештачка интелигенција во здравството

Sasko Dimovski

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе