Вести Свет Топ вести

Пресудата од мај стана правосилна – Европската Комисија го пропушти рокот за жалба во аферата „Фајзергејт“

Европската Комисија (ЕК) го пропушти рокот за жалба на пресудата на Општиот суд на Европската Унија (ЕУ) во случајот за размена на пораки на претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за време на пандемијата на ковид-19. Со тоа, пресудата од мај станува правосилна.

Судот тогаш заклучи дека ЕК не дала задоволително објаснување зошто пораките што ги разменувале Фон дер Лајен и Бурла не содржат информации кои би морале да бидат сочувани, односнослужбено регистрирани.

Случајот, кој во медиумите е познат како „Фајзергејт“, почна по интервјуто на Фон дер Лајен за „Њујорк Тајмс“ во 2021 година, во кое откри дека разменувала СМС пораки со првиот човекна „Фајзер“ во пресретна договорот од повеќе милијарди за набавка на ваквини меѓу ЕУ и фармацевтската компанија. Медиумите бараа пристап до пораките, Комисијата не ги достави.

Поради одбивањето на ЕК, изби скандал кој приврзаниците за транспарентност го искористија како пример за недостаток на одговорност во работата на Комисијата под водство на Урсула фон дер Лајен. Истовремено, противниците на вакцините го користеа случајот како аргумент во ширењето на сомнежи во легитимноста на процесот за набавка на вакцини.

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе